Блог на една мајка

The Blog

8 Совети за организирање на свадба!


Свадбаааа, ако се мислите дали да правите или не, би ви рекла престанете да се мислите и фатете се да организирате. Јас мојата ја спремив за еден ипол месец. Се организирав сама, сопругот не беше во Македонија, дури и свадбени бонбони сама правев ….

Еве неколку совети како полесно да ја организирате и да заштедите на време

1.Знајте што сакате!

Ако не знаете што сакате тогаш сте во голема неволја. Јас на пример знаев се што сакам. Знаев точно кој ресторан, каде ќе го правам невестинскиот фустан, кој ќе ми прави фризура, кој ќе ме шминка, кој бенд сакам да ми е на свадбата. Најмногу за ова ќе има влијание доколку сте биле на повеќе свадби во последниот период и одма ќе знаете отприлика што сакате. Затоа кога одите на свадба анализирајте што ви се допаднало што би сакале на вашата свадба, разменете искуство со младожениците.

2.Поставувате цели/работи за кои не правите компромис, си го правите меракот со нив, не попуштате!

Напишете или зацртајте си во глава кои работи мора да се исполнети. На пример, јас не правев компромис за рестортанот. Иако беше ресторан кој има прилично високи цени ако не и највисоки, јас не одбрав друг. Едноставно сакав тамо, и моите родители не можеа да ме разубедат. Исто на пример за датумот јас бев решена доколку нема во сабота место, да биде петок, доколку нема ни петок тогаш да биде среда. Да да и среда ми влезе во опцијааа. Но среќа имаше место за петок. Кај мене беше фиксен и периодот, сопругот само можеше таа недела да дојде. Може кај вас ќе биде фиксно да е сабота, или да се водите според вашиот омилен музички бенд, кога има слободни термини. Остварете си ги целите. На пример јас си го правев меракот со првиот танц, сакав да имам изненадување за гостите со прв танц да е како точка. Така да за три дена со инструктор ние го научовме, не беше совршен, но никој не очекува од вас совршенство.

3.Побарајте помош, но не дозволувајте да ви се мешаат во крајните одлуки.

Секогаш може да прашате за мислење за вашиот избор, но не донесувајте заклучок врз основа на тоа. Почекајте нека помине ден два додека не ја донесете конечната одлука.

4.Не губете време во чекање на другите

Може да се случи да сакате да гледате нешто околу свадбата со другарка или роднина и да чекате на нив, кога ќе се слободни. И се тоа да се одолговлекува, зашто вие кога можете тие не можат и обратно. Затоа може само да ги викнете, доколку некој е слободен да дојде, доколку не одете сами, или ако сте се договориле и ви откажат, одете сами. Секогаш после некое гледање седнете на кафе, прошетајте некаде. Размислете околу свадбата, уживајте.

5.Направи видување со колку парични средства располагате

Убаво е да знаеш на што ќе трошиш повеќе пари,  а на што ќе штедиш или ќе си ускратиш. На пример јас имав опција да правам во поевтин ресторан и да дојдат повеќе од 200 гости, но се одлучив на помал ресторан,а поскап за максимум 150 гости. Свадбените бомбони ги изработував сама, како и невестинскиот фустан, таков модел имав замислено да не чини многу.

6.Идеи на друштвени мрежи

Имате милион идеа за се што ќе посакате. Но не се расплинувајте во гледаање различни стилови, одберете еден и потоа следете го него. Ќе се изгубите во брдото на различни слики и стилови.

7.Релаксираајте се и ако нешто тргне наопаку едноставно игнорирајте го како да не се случило.

Сите сме различни, на вас нешто ви е прироритет, на друг тоа не му е. Може да се случи во текот на подготовките или на денот на свадба некој ваш близок да не се однесува како што вие очекувате и да ви го изремети вашиот план или тек на активности. Едноставно не обрнувајте внимание, издишете и продолжете. Свадбата е ваша, вие да уживате и во подготовките и на самиот ден. Не дозволувајте никој да ви го расипе расположението. Не замерувајте, само продолжете.

Мое искуство – ова го пишувам за да знаете што ми се случило мене, а не сум се потресла за кога вас ќе ви се случи да се сетите на моето искуство и да не се потресувате.

Сопругот дојде 7 дена пред свадба со спремни документи за да закажеме крајно Матично. Иако се беше спремно не враќаа до последниот ден, односно петок беше свадбата ние четвртокот во 17 часот ги добивме. Да не навлагам во тоа колку не враќаа, колку правила измислуваа 4 дена бевме од 8 сабајле до 17 часот се по институции и амбасади. Но ние успеавме и танц да подготвиме. На часови одевме во 22:00 мртви уморни. На денот на свадбата старосватицата дојде последна кај мене дома. Морав на сопругот и на пријателите што го возеа до кај мене да им кажам да седат на бензиска да пијат кафе. Бидејќи нели се даруваат старосватицата и кумот. Причината не ја пишувам, но нема никакво оправување. Е јас се изнервирав, но брзо ми помина тоа, едноставно го пушташ и тоа е тоа. Доколку некој од гостите ви прават фаци, превртува со очи за време додека танцувате/играте оро едноставно не ги гледајте тие гости сконцентрирајте се на оние кои се веселат со вас. На сопругот не му се допаѓаше како сум нашминкана, цело време преку ден додека одевме во црква и фотосесија ја коментираше шминката како е многу јака не сум личела на себе. Невестулки не давајте никој да ви ја сруши самодовербата никогаш , а не па на денот на свадбата. ВИЕ СТЕ НАЈУБАВА И КРАЈ!

8.Забавувајте се

Свадба пред се се прави за да се забавувате, а не да се нервирате. Затоа и кога ќе ја подготвувате и во текот на свадбата забавувајте се.

Автор: Мери Амбросова

[ssba-buttons]