Блог на една мајка

The Blog

БЕБЕ ВО АВИОН


Кога останав бремена почнав да се распрашувам кога може да патувам со авион со бебе. Имав другарка која живее во странство и не доаѓаше за Македонија додека малата не и направи година дена. Од страв дека ќе плаче многу и ќе и се затнат ушите. Друга другарка имав која сестра и го донесе бебето на 3 месеци и ме советуваше дека е битно да цуца од цуцла лажачка или да му се дава да цица при полетување и слетување на авионот. Ова ме советуваше и мојот спиритуален учител од центарот 1008, исто така дека не е страшно бебе да се носи и додека е мало.

Кога се роди Марта почнав да планирам кога ќе дојдам во Скопје, некако гледав да има 4-5 месеци. На педијатар ми кажаа дека после 3 месеци веќе може да се носи во авион, може и претходно, но не е препорачливо првите 40 дена. Како совет ми кажаа исто да цица ако плаче. Ако не цица тогаш со цуцла лажачка или адаптирано млеко. Да се избегнува бебе да се носи во авион доколку вади заби, е болно или има нервозен период, секако дека да се носи доколку немате друг избор. Во принцип дека може да се носи и кога е новороденче, нема никаков проблем само да цица при полетување и слетување. 

ПРВО ЛЕТАЊЕ СО АВИОН НА  МАРТА 

Прв пат патувавме со Марта кога имаше околу 4 месеци. Патувавме сами јас и она.

Кога дојдовме на ред да го оставиме бакажот во Киев имаше огромна гужва, одма не спроведоа во брзата лента бидејќи бев со бебе. Овде околу подигање количка бидејќи и таа оди на скенер никој не помага. Така да доколку сте сами како мене знае да биде и малку напорно. Цел пат до пред да влезеш во авион количката си ја носиш со себе, пред да се качиш во авион им ја даваш количката. Исто така и овде знае да е напорно бидејќи обично машки работат а тие не помагаат околу бебето, мене само еднаш ми пријде една жена да ја придржи Марта додека не ја соберам количката. А и не може да ти помогнат многу секоја количка различно се расклопува. При полетување и слетување даваат специјален каиш за бебиња кој се врзува на вашиот каиш. Дополнително ќе ви објаснат во авион, многу е едноставно. Имаше слободни места во авионот па не седнаа на двојно седиште така да имавме повеќе простор за играње.

Марта тогаш беше мала и малтене ништо не разбираше, така да многу околината не ја интересираше. Си играше со играчките, глодалката многу ми заврши работа исто така и играчка како материјал што е а главата и е од силикон кој се јаде (глушецот на сликата). Исто така прв пат Марта овде користеше цуцла лажливка. Полетувањето со цуцла го поминавме. Потоа си играше буквално со се. Убаво е да имате играчки кои најмногу ги сака и најмногу си игра. Кога се измори почна да цица и заспа и си го преспа цел лет.

Киев-Софија е лет од два часа. Марта еден час си играше, потоа почна да цица и си заспа, слетавме она уште спиеше. Кога се растовараш исто никој не ти помага и за пасош си чекаш нормален ред. Во принцип не е напорно Марта воопшто не плачеше и мислам дека непотребно се крева паника за бебе во авион. Доколку плачат убаво е да ги заиграш со нешто или со некој. На пример кога летавме Софија-Киев имаше уште едно бебе колку Марта па не седнаа едни до други за да децата се гледаат и пратат. Тоа беше поголемко околу година две па и даваше играчки на Марта и ја закачаше, а таа му се смееше.

Прв пат во авион, Марта си играше со тропалка, кукла, глодарка и на крај цицајки заспа и го преспа останатиот дел од летот.

ВТОРО ЛЕТАЊЕ СО АВИОН НА МАРТА

Овој пат Марта беше поголемка 10 месеци. Повторно бевме само јас и она. Сега немаше гужва за оставање на багажот па си отидовме по редовна линија. Исто така не плативме за место него само 25 евра за багаж. Марта бидејќи сега повеќе разбираше само се вртеше и гледаше околу аеродромот. Исто се изнамачив додека со багажот додека ја ставам количката на скенер, па после пред авионот пак да ја расклопам да ја земам Марта и да се сместиме во авионот. Сега до нас беше седиштето празно така да повторно се ширевме.

На почетокот почна со каишот да си игра сега при полетување пиеше вода од шише. Доколку течноста ви е во шишенце за бебе смеете да ја пренесете во рачен багаш, исто така и кашички за бебето. Барем мене ми дозволија. Кога полетавме Марта одма почна да си игра со ременот, па потоа со каталозите од авионот, па од прозор да гледа. Е кога го истражи делот околу седиштата сакаше да стои и да оди па стоеше во место воделот измеѓу редовите, па пак играше во скут со играчки и на крај се измори, цицаше и заспа. Го преспа целото преостанато време од летот.

Слика од вториот лет кога Марта имаше 10 месеци. Си играше со каишот, со шише, со каталози, гледаше низ прозор, стоеше…

Овој пат морам да признаам дека понапорно ми беше, поголема посилна, не седи него само нешто прави, мораш да ја пазиш. Но не беше страшно. Мајка ми пиша дека се потешки после годинка кога разбираат сакаат да скокаат да шетаат низ авион да ги закачаат останатите дека е малку потешко и верувам дека е така. Друга другарка моја блиска малата и патуваше на година дена и ми кажа дека само си играла и заспала. Дека воопшто немала никаков проблем.

Работи кои би ви користеле

1. Прво и основно вие да не сте во стравови и да сте смирени и да уживате во летот

2. Земете со себе играчки кои му се омилени на бебето (тропалките, глодарките им се омилени)

3. При полетување и слетување на авонот давајте му на бебето да цица или да пие адаптирано млеко или цуцла лажачка за да не му се запушат ушињата. Тие не знаат да си ги отпушат.

4. При полетување и слетување обавезно земете ги во скут и врзете ги со безбедносниот каиш. Направете го и доколку бебето спие.

5. Не се вознемирувајте ако бебето кенка, плаче или му давате да цица, а некој некултурно зјапа во вас

6. Бебињата според мене и од звукот кој го произведува авионот спијат поубаво бидејќи е сличен на звукот кој го слушале кога биле во стомакот на мама.

7. Облечете ги нормално како за по дома. Скафандер не би препорачала од причина што многу зафаќа место и потешко се облака а ако сте сами и е тесен авионот малку е комплицирано. При полетување е топло малку, но потоа е нормална собна температура. Секако доколу е лето да е по кратки доколку е зима да е по долги. Носете си некоја прекривка. 

8. Мислам полесно би го внеле/изнеле бебето во/од авион со носилка, но јас не носев ниту еднаш.

9. Секогаш персоналот од авионот ви помага при ставање на безбедносиот каиш и доколку бебето плаче, како и кога се спремате да излезете од авион.

10. Потпрете се на самите себе и на вашата интуиција

11. носете си вода со себе за бебето, но не во флаширано шише него во шишенце за бебето. Исто така нас ни дадоа храна за Марта да носиме.

12. останете смирени повторно пишувам

13. Носете играчки кои ги сака бебето и се за неговата возраст

14. Пејте песнички, може да ги гледате омилените цртани од таблет или телефон

14. Оставете му простор да истражува, но сепак да не се повреди или уништи.

15. Доколку сака да стои нека стои можете и вие да стоите со него. Само доколку не е при слетување и полетување на авионот

16.  Карта за бебе кое не зафаќа место не се плаќа, него само 25 евра за багаж плус 10 кг за бебето. Но сепак мислам дека секоја авио компанија различно работи. Од 2 години обично се плаќа карта со место која е нешто малку поевтина од нормалната.

17. Доколку има ред за оставање на багажот побарајте да ве спроведат во брза лента

На крај ќе додадам само да се препуштите, да верувате во себе и вашата интуиција. Мислете дека се ќе биде во најдобар ред. Еве јас два пати летав сама односно 4 пати ако бројме и за назад и ниеднаш немав никаков проблем. Освен дека е малку потешко додека се сместиш и потоа додека излезеш од авион. 

Но јас знам дека можеш да се справиш со се. 

 

 

 

Автор: Мери Амбросова

[ssba-buttons]