Блог на една мајка

The Blog

Да јадам или од воздух да живеам?!


Ова го пишувам од мое искуство, а не како стручно лице советник за исхрана.

Растена сум како повеќето од вас со маргарин, леб, салама и сирење за доручек што би се рекло. Не дека мајка ми, ми мислела лошо, но немале информација и било тешко да се стигне до неа. Затоа сега више сите знаеме дека маргаринот не е здрав. Но растени сме и со зборовите „Пиј млеко, јади месо здраво е „. Па и да не сакаш ќе пројадеш од толку зборење. За млечни продукти и месо сеуште се јаде во огромни количини, но запрашајте се зошто кога одите да ви направат нутриционен план за исхрана овие продукти не се вклучени него се се отстранува. Исто ако сте имале болен човек од рак, зашто ако имал совесен доктор му забранил секакви производи од животинско потекло. За чипсови, грицки и чоколадо, бело брашно не сакам да пишувам зашто за тоа сите знаеме дека не чини. Овошјето и зеленчукот се нуди во изобилие и кога му е сезона и кога не е. Затоа више се се препорачува да се лупи. И постов не е за да станете вегетаријанец него чисто сакам да ви раскажам како јас постепено се будев во врска со исхраната. Може и вие полека ќе почнете.

Кога почнав да се занимавам со спиритуалност уште тогаш имав сознание за храната како месото не е здраво, не пиј козјо млеко. Не дека пиев многу и јадев месо но не ми доаѓаше на крај памет да ги оставам засекогаш. За сирење па да не правиме моабет. зашто многу јадев. Неможеше доручек и вечера без сирење.

Така останав трудна со Марта и прво нешто беше да одам на нутриционист. Фино лепо отидов и ми забрани и сирење, млеко месо, благо, чипс… тоа се подразбира. Кога ја прашав зашто не може сирење, павлака па дури и јајца, ми кажа само јајца можеш понекогаш домашни, а ова другово се исфрли. Месо исто да престанам. Така јас се придржував еден месец и откако се преселив во Киев си се вратив на на стара исхрана.

Некаде 8 месец шеќерот ми беше на граница и ми забранија секаков вид сувомеснато. Виршли, салами, се буквално се чудев зашто не е благо тоа. Да не е ама има шеќери и бог знае што уште. Од тогаш не јадам сувомеснато ништо.

Се роди Марта со хемангиом (за него може да прочитате на https://mojafitnessmama.mk/hemangiom-kaj-bebe/ ) и специјалистот само ми кажа, не се знае од што се појавува, но последните години процентот на новороденчиња со хемангиом е зголемен од 10% на 60 % и се претпоставува поради лошата храна. Тука тој ми напомена да избегнувам производи кои имаат емулгатори (се што е на Е). Сончогледово масло итд. Тука прво ми пукна филм и почнав да гледам каде ги има и ќе се шокирате дека ги има секаде дури и во бисквити и каши за бебе, во пецива од овес, буквално секаде дури и во „здрави благи„. Просто не можев да верувам дека ги има во бебешки бисвити и емулгатори и сончогледово масло. До сега најдов само едни Германски чисти кои беа рекордни 5 евра.

Дојде време да правам маратон и мојата драга пријателка и долгогодишен нутриционист Слаѓана Јарчевска кога ми го прати менито бев во шок, месо нема, нема ни јогурт нема ни сувомеснато. Кој ќе го вежба маратонов сите ќе не „испоколат„. Одговорот нејзин беше „ Јас стојам зад ова мени и како нутриционист нема да дадам нешто што ќе влијае врз нечие здравје, само можам да попуштам два пати месо во 21 ден, јајца еднаш неделно и урда чат пат. Друго не„ Јас бев ок драга како кажеш. Сега завршува 5 група маратон и до сега се бунеле мајки зашто не Јогур, зашто не сирење но кога ќе им се објасни колку е штетно преработувано и дека од витамини ништо нема се смирувале. За месото исто зашто толку малку месо зашто, не пилешко. Затоа што е полно со хормони и не се одгледувани како што треба. И да јадете месо само затоа што е здраво, а го отфрлате фактот дека убивате животно, имајте на ум дека месото денес и месото пред 10 години не е исто. И јајцата исто.

За месото сакам да нагласам дека не сум некој месар, откако почна мојот прв маратон јадам еднаш неделно. Но сега за велигден зачестив со месо, тесто и шеќери. За три дена така се надув ми стана тешко што почнав сама себе да се обвинувам. Месо дефинитивно никогаш не ми пријало. И на крај решивв дека нареден празник се ќе се спрема здраво и без брашна и пецива. За месото ми беше зборот дека пред некое време најдов елитна месара за бебиња продаваат месо и телешко месо беше рекордни 30 евра. Да да да. Од теле што се одгледува со здрава храна и се шета. Ако се надоврзам со 5 евра бисквити, прво ја расипаа храната за да на крај ако сакаш нешто „здраво„ има да платиш дебело. Е сеа за месото во протеините, протеините може да ги замените и со друга житарка, зеленчук само треба да прогуглате и најдете истражите. Овде во Украина има многу фитнес тренери што више месо не препорачуваат да фитнес инструктори. Знаете колку бебиња не сакаат месо од прва, многу, потоа пројадуваат зашто мајката им нуди постојано. Марта не јаде она од обичен маркет, само тоа скапото и тоа понекогаш. Уште не знам зашто и нудам…

За овошјето кога се роди Марта сите алергени овошја и зеленчуци ми беа забранети цитруси, јагоди, црвено овошје, патлиџани, краставици, јаболки само домашни и лупени. Тука ми забранија и секакви сокови, да и оние што се скапине во стаклено шише што се демек природни. Од тогаш сок не купувам. За благо и чипсови, бело брашно се подразбира.

И на крај го прашав нутриционистот за овошје и зеленчук и само крена рамена и кажа подобро лупи и јади и купувај домашно одгледано. Сега јадам многу салати и овошје, но се лупам.

И да се потекнува од храната што внесувате, сите болести се од храна и стрес. Не е дека од утре вие ќе исклучите се од исхраната, но полека фатете исфрлајте дел по дел. Ни јас не исфрлив се наеднаш полека, некој период без едно, па пак ќе го пробате, па пак ќе престанете, па без друго и така ќе продолжите. За се треба време. Јас од денес понеделник 06.05.2019 ќе пробам две недели без месо, јајца, млечни производи, ова и така и така не го јадев често но сега ќе исфрлам и риба, јајца и кофеин. Зашто не риба овие две недели едноставно сакам да го исчистам целиот организам од животински продукти, плус многу ми е жал да ги гледам рибите по маркети затворени 30 во мал аквариум. За нив и повеќе ми е жал него за животните. Јајца, во последно време многу статии ми излегоа во врска со јајцата, и навистина сеа за велигден пробав едно варено воопшто не ми се допадна како без вкус. Марта јајца многу ретко јаде само во палачинки кога спремам со јајца овес и банана. Никогаш не сум сакала де се ограничувам, но сакам да ги поминам овие две недели па да видам како ќе издржам, што ќе се случи. Кофеинот веќе подолго време ми сметаше на желудникот но не го признавав тоа. Така да нека ми е со среќа, ќе пишам и искуство на крај. Секако ќе вежбам во тие недели.

Што ќе јадам?

Овошје до ручек

житарки

салати

зеленчук

намази (хумус, намаз од авокадо, леѓа)

 

Што да исфрлите / Што да јадете

  • чоколадо секакво

  • леб бел, више ако јадете правете дома или од цело зрно

  • благи секакви, чипсови.

  • салами, сувомеснато

  • кравјо млеко, јогурти, сирења, кашкавали, можете моцарела Тофу сирење, кефир, урда

  • пилешко месо никако

  • јајца домашни само

  • пастата заменета ја со оризови нудли

  • благи само вие што ќе си ги направите

  • пити ако месите со брашно од цело зрно

  • почнете да применувате брашно од ориз, спелтино брашно во вашата кујна. 

 

Секогаш имајте на ум дека слабеење и здрава исхрана се две различни работи. Кога нутриционистот го виде менито кое го јадев на Маратонот кој го вежбав, беше во шок. Со ваква исхрана ќе ослабеш брзо но повеќе од 21 ден не се препорачува. Затоа отворете очи. Исто сакам да кажам дека не значи ако си Веган и не јадеш месо дека ќе си слаб. Многу е битно што јадеш за доручек, ручек, вечера. Колку јадеш и на крај дали вежбаш.

Само можам да ви кажам не си играјте да слабеете само со исхрана, секогаш ама секогаш вежбајте.

И на крај ќе ви посакам да симнете килограми здраво, а не поради стрес.

Може да го погледнете филмот Cowspiracy: The Sustainability Secret, Food Inc и други има прогуглајте ги.

Книги: Medical Medium – Anthony William, Life Changing Food од истиот автор.

 

Автор: Мери Амбросова

[ssba-buttons]