Додека бев во Македонија цело време бев нападната од роднини “како не и даваш бисквити, како не јаде Животинско царство, греота е да не проба, леле сок не и даваш па зошто итн”. Јас не планирам да давам од проста причина што внатре има додатоци и нема потреба да ги конзумира. Бисквити дома правам, па ги јаде со рака или во каша ги додавам.
Секако од толку наговарања и јас попуштив па викам ајде ќе дадам нека јаде и проба Џиџи бебе, јадеше неколку пати пред да ги пробам и јас, кога се шокирав колку беа благи и тогаш завртев состав и се шокирав. Нема да навлагам тука дали да се дава или не секоја мајка треба да си одлучи.
А сок дури и оној за бебиња што е прв пат проба во РМ од што ми носеа. Овде не купувам, пие вода само. Е сеа сигурно ќе пие детево сок, но не многу често, со ред што би се рекло. За сок бев сведок на деца, и во РМ и во Украина, кога им понудив не сакаат или викаат покасно и забораваат, двете мајки им дозволија да пијат доколку сакаат.
Прв случај. Мајка во РМ
Ни дојде во гости со ќеркичката и нели ја прашав дали сака сок девојчето (5 годишно) кажа „не сакам, ако може вода„. Ми падна чудно па ја прашав мајката и таа и кажа „ако ти се пие напиј се„. Девојчето кажа „не не сакам вода„. И така девојчето си пиеше вода. Инаку мајката ја загрижила пријателка нејзина дека девојчето и е слабо да не е болно. Бидејќи и бев кај нив дома девојчето си јаде Хумус наместо мајонез или маргарин. И секако е слабо, но здраво слабо а високо.
Втор случај
Бев во Украина на гости каде исто девојче од 5 години го прашувам дали сака сок и ми кажува не. Мајката ја прашувам пак и ми кажува да може, но после ручек. Нека руча, ќе пие вода па после сок. Девојчето исто не ни плачеше ниту се противеше. Откако ручавме девојчето си се напи вода и на сокот не и ни текна. И ова девојче беше слабо.
Дај боже и Марта да биде како нив, односно да има баланс, да не забранува, а да не плаче и да се лупа од земја. Е сега и средината има улога, не верувам ако секој ден му се дава на детето сок и му се нуди дека утре нема да плаче по него.
Гледано како набјудувач можам да кажам дека во Украина децата се послаби и тоа доста, а високи, што е најдобра комбинација, они се и таков народ. Но и поздраво се хранат. Додека кај нас имате деца кои се над својата килажа и тоа никој не го забележува, пред се ќе кажат леле слабо детево, него да кажат абе детево да не е малку покрупно. Тек подоцна кога ќе пораснат се чудиме зашто детето има проблем со килограмите.
Ова е едно гледиште како ме натера да размислам кога бев сведок на овие два настани во рок од еден месец.
Пред се би рекла мајката има голема улога во воспитувањето но пред се и окружувањето. Може мајката да не даде, но да го чува баба детето па да му нуди и на некој начин да го “расипе детето”. Или ако не даде на глава да и се качи на мајката зашто не дава итн. Мислам познати ситуации.
Исто така мајка која ме прати на инстаграм ми се пожали дека девојчето и има вишок килограми и е зависна од благо. Подискутиравме дека рано почнала со благо да и дава односно баба и и давала и сега се прикрадува по дома и јаде, или ако нема оди кај баба и дедо да и дадат или купат.
Шеќерите е познато дека ствараат зависност, па и ние како повозрасни и посвесни битија тешко се откажуваме од благото, а не па дете кое веќе станало зависник. А да не зборам за додатоци и сите емулгатори кои ги има во секоj индустриски производ назначени се со E…
И на крај може немаше да бидам толку строга со Марта, ќе си останев како што си бев.
„Па што има везе, е де од едно„ „Е што и ние сме јадела па што ни фали„. Е да денес едно, утре уште едно и оп оп си станал зависник. Со секое внесување на благо нешто, па да е и здраво го потсетуваш мозокот на тој вкус и не го заборава, така и ствара зависност. Него да се вратам на тоа кој ме освести. Кога бев на преглед за Марта за Хемангиомот познат хирургот кој работи во Америка ми кажа во разговор дека не се знае од што излегува хемангиом, но дека најверојатно е од храната бидејќи последните 10 години новороденче да има хемангиом е 60% додека пред 10 години процентот бил 10.
Дури една познаничка во Скопје искоментира на овој моабет дека Марта е трето бебе што го гледа во рок од 2 дена од кои две бебиња имаат хемангиом.
Се надевам ви користеше овој пост да размислите и вие без разлика дали сте мајка, баба, тетка или другарка на мајка со дете.
Ве поздравувам
Мери
