Блог на една мајка

The Blog

Домашен веге сладолед


Има неколку варијанти. Минатото лето само ги менував сите се превкусни зависи како сте расположени. Можат и дечиња да ги јадат. Секогаш ќе знаете што внесуваат. Можете да го ставите во калапчиња јас од алиекспрес имам порачано а моментално го ставам во мали корнетчиња и Марта ги обожава.

Во Украина сладолед јадат преку цела година па ние го правиме низ цела сезона.

Основата е замрзнати банани една или две, шака јатки може да ги менувате и млеко билно рецепт на линкот имате https://mojafitnessmama.mk/rastitelno-mleko/ или кравјо ако тоа го конзумирате. Млеко ставате за да се избленда и да добиете смеса. Додавам кокосови струшки во блендер и некако ми дава убав вкус. Ако се крупни ставете ги во блендер обавезно. Смесата треба да е густа. Ставајте постепено. Јас веќе го правам од око.

Можете да додадете малини јагоди и ќе добиете овошен.

Додадете какао ќе е чоколаден. Можете и без јатки само банана, млеко и чоколадо.

Можете да го правите во две три бои да го чоколадизирате. Има многу опции но и летото е пред нас.

Експериментирајте и уживајте со вашите дечиња.

Автор: Мери Амбросова