Блог на една мајка

The Blog

Градинка во Украина


Уште кога останав бремена викав “аа ќе си седам со бебето до 3 години”. Ама како расте гледам дека бебе не ќе да е на 3 години ахахах. Со консултација на логопед овде и психолог ми препорачаа поради совладување на јазикот да ја дадам одма чим ќе може да оди во градинка. Нели во Македонија ги примаат на 9 месеци, за мене тоа некако е рано, тогаш бебето почнува да разбира да возвраќа и практично е најинтересно да си со бебето. Но тогаш па се почнува на работа кај нас и скоро сите мајки ги оставаат децата овој период дали во градинка дали на друг на чување. Од друга страна другарка кога ќерката и беше година и некој месец се жалеше дека ништо не слуша нема ред си прај што сака. Ја даде во градинка и девојчево за две недели се смени. Ред, слуша оди се прави како ново дете.

Така јас решив Марта од септември да почне во градинка тогаш би имала година ипол. Кога се роди Марта го прашав сопругот како е редот за градинка дали се фаќа ред има ли врска каде сме регистрирани со место на живеење (ние сме регистрирани во еден дел кој не припаѓа никаде, тамо има сопругот имот, а тоа е битно за да те воведат во систем. Така ние сите со се Марта сме регистрирани тамо). Секако ми кажа нема проблем да не се грижам.

Периодов гледав градинки, гледав прво приватни, но сите околу нас што ги најдов околу нас беа по 600 евра и ги примаа после 2 години. Потоа закажавме средба во државна градинка каде упаднавме како паднати од Марс. Сопругот си влезе во државната градинка кај директорката како да се договарал со нејзе, а потоа се испостави дека имало приватна градинка во склоп на државната и дека тој со вработен од таа градинка се договарал. Така кај упаднавме и сопругот и вика да ја видиме градинката и директорката ни вика ама не е таква процедурата. И ни објаснува дека уствари во Украина за да влезеш во државна градинка се пријавуваш кога ќе се роди детето, се пријавуваш во систем и тамо пополнуваш буквално се во врска со родителите. Предност имаат тие што се регистрирани во Киев и што двата родители работат. Ги зимаат после две години, практично Марта може да оди не овој него нареден септември. ОК ако е таква ситуацијата да видам кои услови ги имаат, ја прашувам. Одговорот и беше 20 деца во група 1 учителка до 14 часот и друга до 19. Ја се стаписав каков 19 часот. Да да може и порано да си го земеш не е проблем. Кога прашав за активност само ме погледна одговорот и беше дека 1 учителка на 20 деца не може баш да им се посвети и анимира. Потоа ни кажа дека има приватна градинка која користи само простор на државната и да прашаме тамо за подобри услови. Инаку во државната има и можност приватно да си плаќаш 100 евра месечно за да ти го примат детето без систематско чекање одбирање. Но со тие услови кои ги нудеа некако не ни се ни плаќаше ни трчаше по документи за промена на регистрација.

Отидовме кај приватната се убаво средени просториите. Ја прашувам кога може да почне дете во градинка и одговорот беше исто додека не наполни две години нема шанси и најубаво е од септември да си почне, да си фати ред со група. Програмата кога ми ја кажа се стаписав. Од 8 до 14 часот имаат два педагога едниот работи со 6 души граматика а другиот со други 6 математика. Викам каква граматика каква математика на две годишни бебиња. Ми објасни дека украинскиот е тежок јазик и дека убаво е со време да се почне со учење на множини како две круши, 5 круши (во украинскиот е различно), 8 крушки (е трето). И секоја именка е посебна. Ми објасни дека децата во школо имаат сериозен проблем со украинскиот јазик и граматика. Дека е тешка плус што и руски се збори надвор, односно имаат некој уличен јазик кој е измеѓу Украински и Руски (за ова дознав пред некој ден на приватен час руски, кога и вратив на учителката на овој микс и кога ми објасни што е се стаписав, викам има трет практично јазик). Низ игра учат и меки знаци итн. Викам ок значи до 14 е градинката ахаха. Аааа неее потоа имаат активности боење, цртање пастелин, глума спремање приредби англиски пеење песнички. До 16:30 завршуваат со активностите а може да седат кај нас до 19 часот. Кога ми го кажа ова некако тешко ми падна, детево цел ден ќе е во градинка. Можам да го земам во 14 но ќе ги пропушти активностите кои се практично и најинтересни. Што се брзам за градинка, не дека ќе и е лошо, но со активностиве некако подобро и дома да седи. Па и тоа не оди да не е во контакт со други деца, пак повеќе ќе научат тамо него дома. Овде цената беше 250 евра месечно. Што пак се многу пари, но со разлика од 600 евра во првата градинка и државна каде ништо не прават ова беше некоја средина. Овде исто треба да пополниш формулат кога би тргнало детето за да те планираат да имаат место.

Се вратив дома како со врела вода поплавена. Овде труднички е до две години, и плаќаат на мајката 1400 евра за тие две години 400 евра кога ќе се роди бебето и потоа на месеци ги делат останатите пари. Практично пред две не можеш да го дадеш во градинка. Е кога ќе треба да бираш се соочуваш со проблемот каде односно аплицираш во 5 градинки и во која влезеш влезеш биди среќен ако влезеш. По 20 деца во група 1 учителка до 14 часот после друга до 19, активности нема. Инаку до 19 е бидејќи во Украина се работи до 8 часа плус саат време за ручек и плус време поминато во пат, тоа се 11 часа надвор од дома. Затоа и такви се градинките, што реално е жалосно, ако мајката работи практично детето друг и го расте. И од таа причина овде мајките не работат, ретко која брка кариера, сите имаат по две три деца. Парковите се полни со деца бидејќи до две години не ги примаат во градинка, а кога првото ќе тргне раѓаат второ. Најверојатно после некое време почнуваат со работа. Мајките најчесто работат нешто онлајн уште не знам што точно. Како и да е мајката ако брка кариера детето ќе и го гледа некој друг. Сопрузите работат од сабајле до вечер и практично го издржуваат семејството. До сега оваа слика ми е створена.

Со разговор со сопругот, наша Марта ќе тргне во приватната градинка во склоп на државната, но од нареден септември тогаш би имала две ипол години. А до тогаш ќе се гушкаме и уживаме во заедничкото време зашто после се помалце ќе го има. И секако ќе штедиме. Ќе треба заедно да учиме руски и заедно да се вклопуваме во заедницата.

Така до тоа време има уште година ипол, а се решив да го напишам овој текст за да остане да го причитам тогаш кога ќе тргне во градинка и да се потсетувам на ова кога ќе е напорна за гледање/чување.

Ако се прашавте каде се бабите и дедовците, овде они воопшто не се вклучуваат во одгледување на внуци или било каква помош. Кога доаѓаат, доаѓаат како гости. Ако им се јавиш може да го земат на чување, но тоа е саат два не повеќе.

Ве поздравувам и ви посакувам да уживате со вашите малечки, ако имате проблем со градинка прочитајте го текстов пак мислам ќе ве утеши 🙂 🙂 🙂

Автор: Мери Амбросова

[ssba-buttons]