Станав мајка, многу сум среќна но кога можам да почнам да вежбам?! Јас уште пред да се породам почнав да барам кога може да вежбам што да вежбам….
Мамулки после третата недела може да почнете со вежбање. Но што значи тоа:
– Сте се породиле природно без никакви компликации
– Крварењето престанало или е многу мало (доколку ви се појави при вежбање одма престанувате). Можете да применувате вежби за карлица, напред назад така ќе ја зголемите циркулацијата на крвта во карличниот предел.
– На почетокот е најбитно да правите вежби во мала количина и да не претерувате. По 5-6 недели можете да работите вежби за нозе, истегнување додека лежите да кревате нозе. И само после 2.5-3 месеци лекарите препорачуваат вежбање целосни тренинзи со додавање на стомачни вежби. Секако стомачни вежби во зависност дали имате дијастаз или не.
– Доколку сте имале царски рез или еписиотомија, треба да почекате 10-15 недели. Сите рани треба да бидат комплетно заздравени. Пред да направите било какви вежби, консултирајте се со лекар.
Колку порано почнете со вежби толку подобро. Ќе го забрзате и потпомогнете враќањето на телото, ќе се чуствувате посилни, посигурни и со енергија за да можете да одговорите на потребите на бебушот.
Мамулки единствен и прав одговор е кога вие ќе се чуствувате спремно да почнете со вежбање, а вешето бебе нема да има последици од вашата активност.
Кога почнав јас?
Некаде помеѓу 3 и 4 месец. Кога се качив на вага и видов дека сум +2 кг од кога се имав вратено од болница. Ми пукна филм и се фрлив на вежбање…. а како одеше тоа прочитајте во постот “мојата борба со килограмите после Марта”