Блог на една мајка

The Blog

Која е МОЈА ФИТНЕС МАМА?


Обична мајка и помајка…

Мамулки пред се сакам да ви се заблагодарам што го отворивте овој БЛОГ да го прочитате. Овде ќе пишувам за сите мои искуства, лекции кои ги стегнав со Марта и што ќе ги стекнувам. Мои среќни мигови, тешки, мои стравови и секакви мисли што ми поминуваа во текот на бременоста и сега со Марта. Помајка да сум дојде во пакет со мојот сопруг, ја прифатив одма улогата иако не знам што е потешко да си мајка или маќеа….  Се трудам да сум совршена некогаш успевам, некогаш не. А сега нешто повеќе за мене.

Израснав и се школував во Скопје – Македонија, завршив Економски факултет, иако  5 години барав работа со оваа струка едноставно не најдов, се беше нешто пролазно и завршуваше. Завршив и курс за MAKEUP ARTIST кај Небојша Пешевски и шминкав 4 години тука може да се каже дека уживав но  и тоа беше пролазно во животот.

Нешто што најмногу ми помогна низ тешките моменти кога не можев да се вработам беше спиритуална активност. Бескрајно сум им благодарна на моите спиритуални учители и знам дека секогаш се со мене, без разлика колку и да сме далеку…

Со спорт се занимавам уште од малечка,  првенец во пливање бев. Пливав 8 години. Потоа се занимавав со Аеробик и Пилатес и последните 4 години бев Судија по Кошарка. Кога дојдов во Киев имав време да размислувам и некако сфатив дека единствено спортот бил секогаш низ сите години со мене. Сега од нареден септеври 2019 во план ми е да се вратам на судењето.

Никогаш не мислев дека ќе живеам во странство. Едноставно убаво ми беше и во Скопје. Но ете завршив во Киев. Штом го запознав мојот сопруг веднаш знаев дека ТОЈ Е ТОЈ, и покрај сите препреки, во рок една година се земавме, се преселив и ни се роди Марта.  Двајцата сакавме женско бебе и господ ни го даде. Марта не одбра нас и за тоа сум и бескрајно благодарна.  Секогаш кога сум уморна или едноставно сум зафатена а таа сака да си играме или е гладна ќе ме погледне со очињата и знам дека тие очиња ме избраа мене за мајка и сите маки ми поминуваат.

Уште кога се роди Марта сакав да пишувам блог кој требаше да се вика НОВ ЖИВОТ СО БЕБЕ (така се вика мојот личен профил на инстаграм), но потоа кога се зафатив со симнување на вишок килограми кои навистина тешко се симнуваат (освен ако едноставно не ви дала природата убава конструкција) , јас сум случај прв каде што имам СТОМАК градба. Кога почнав да гледам резултати, посакав да помогнам и на други мајки, отидов на курс за после пород и вежбање со бебе и така  настана МОЈА ФИТНЕС МАМА.  Потоа ги споив и фитнес, бременост и живот со бебе и настана овој блог. Овде ќе го прочитате сето мое знање, прочитано од книга, истражено, искусено, доживеано. Прво пишувам како совети а потоа и мое лично искуство (се надевам ќе ви се допадне мојот стил на пишување). Исто блогот е поткрепен со слики од интернет и мои слики кои ги бележат дадените моемнти.

Целиот блог е поделен на четири теми:

Живот со бебе – тука ќе пишувам за се во врска со бебе, мое лично искуство, како тука педијатрите советуваат и како растат деца
Бременост – Еден најубав период на секоја жена/девојка. Ќе пишувам за моето искуство во бременоста.
Фитнес со бебе – За физичката активност на мајката после бременоста. На што да внимава, кога да почне со вежбање. Накратко за МАРАТОН СО БЕБЕ. Мое искуство во симувањето килограми.
Останато – Се друго што не е опфатено во трите теми а сметам дека може да ви служи.

Уште еднаш ви благодарам и се надевам дека ќе уживате во мојот блог и ќе имате корист. Не се срамете да ми пишете доколку за нешто се двоумите или имате различен став. Сите сме различни, сите со различни искуства тука на земјата, човек на човек помага.

Заследете ме на инстаграм каде се трудам да дадам секогаш квалитетна содржина или на мојот facebook профил.

Имајте убав ден…

Автор: Мери Амбросова

[ssba-buttons]