За сите кои не можат без леб. Ова е рецепт кој се прави лесно 5 минути за смесата и 20 се печат, превкусни се .. Може за дечиња и да правите сендвичи со зеленчук, месо, хумус и ќе добиете превкусен доручек. Превкусни се и со домашен џем. Од оваа доза излегуваат 7 топчиња. Едно топче е околу 115 калории.
Состојки:
- 200 грама брашно од цело зрно
- 20 гр трици, овесни или било какви, можете да пробате и со сомелен овес
- 2 белки, жолчките ќе ги употребите за да ги премачкате одозгора
- 170 мл кефир 1%
- прстофат сол
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- сусам за одозгора.
- можете да додате сусам или семки по ваш избор
Во кефирот ја додавате солта, белките и солот, потоа брашното, триците и содата. Го замесуваме убаво правиме со раце топчиња ги премачкуваме со жолчка и ги печеме 20 минути на 180 степени
Пријатен апетит
Кој прави нека се пофали со таг на @mojafitnessmama или пишете во порака.
