Мамулки прво нешто што треба да направите кога ќе видите дека сте бремена е да почнете да медитирате ако не сте медитирале претходно. Спокојот што ќе ви го даде медитацијате не може ниедна класична песна, ниедно цртање да ви го донесе. Да не кажам дека енергетски го полните и бебушот во вас. Се ќе оди полесно и полесно. Верувајте ми нема да зажалите за ниту една секунда помината во медитација. Доколку не сте медитирале за вас почнете да медитирате за вашето бебе. Целата бременост ќе ја поминете во мир, расположение и спокој, а бебуш е различен кога мајката медитира и кога не медитира.
Еве неколку придобивки од медитирање во бременоста.
1.За мирна мамулка
Ќе го намалите стресот доколку го имате, буквално се ќе ви е рамно. Ќе имате мирна бременост. Медитацијата сама по себе го намалува стресот. Сите стресни мигови околу контроли и тестови за време на бременост ќе ги поминете посмирено, сите проблеми околу вас, на друг начин ќе ги посматрате…
2.Развој на бебуш
Бебушите кои нивните мајки медитираат се развиваат побрзо, и моторика и умствено.
3.Здраво бебе
Докажано е дека бебињата се повеќе здрави кога нивните мајки медитираат. Ова не ме чуди бидејќи и вие да медитирате ќе сте поздрави. Енергетски ќе се излечите од се.
4.Бебето гради подобар имунитет
Ќе имате бебе со јак имунитет.
5.Утринските мачнини ќе се намалат
Полесно ќе се справувате или воопшто ќе ги немате утринските мачнини. Наутро кога ќе станете отворете очи и одма затворете ги и медитирајте.
6.Мирно бебе
Секако дака ако вие сте смирена и без стрес, и вашето бебе ќе е такво и во стомак и откако ќе се роди. Тие, се чувствуваат и доколку вашето бебе е неспокојно тоа е знак дека и вие сте неспокојни. Затоа крст нозе и медитација.