Дефинитивно за женскиот пол еден најубав период од животот. Можеби ќе повраќате на почетокот, ќе се движите тешко на крајот од бременоста, но верувајте ми најубавиот период е пред вас. Барем мене ми беше цела бременост еден незаборавен најубав период.
Еве неколку позитивни работи кои се случуваат во бременоста
1. Блескате
И со вишок килограми вие блескате. Едноставно трудница свети и свети лицето, а како да не свети кога носи едно светло и ново чисто битие.
2. Убава коса, нокти и кожа
Едноставно косата за време на бременост ви е преубава, ви сјае, поспоро се замастува и е погуста. Во прашање се хормони и сето тоа отпосле ќе се регулира кога повеќе ќе паѓа. Но за тоа во друг пост. Ноктите ви се поцврсти, а кожата сјајна.
3. Смиреност и спокој
Поради хормоните се ќе ви е рамно, барем мене ми беше, а и ја имам слушано Бритни Спирс која вели “ Со сопругот пред да се разведеме му кажав, да забременам па може да се разведуваме, за да го поминам тој критичен период полесно”. Колку и да ви се случуваат лоши работи, со самата помисла дека сега сте двајца во едно, нема да ви дозволи немирот да трае или да се чуствувате тажно или стресно. Се ќе ви е рамно.
4. Секаде имате предност
Ќе ви стануваат, ќе имате каде да седнете, ќе ви се насмевнуваат сите кога ќе ве видат, ќе ви угодуваат…. Барем така треба…
5. Поцврсти коски
Научниците сметаат дека вишокот килограми кои сте ги стекнале во бременоста придонесуваат за подобрување на коските, посебно карличните. Дури има податок дека 44% се намалува ризикот од фрактура на карлица подоцна во поодминатите години. Со секоја бременост се зголемува процентот.
6. Повеќе уживате во сексот
Нема нешто посекси од трудница, колку и да имате вишок, вие ќе се чуствувате најсекси на целиот свет, а бидејќи имате зголемена циркулација и сте да не кажам ултра осетливи јухуу, поради тоа оргазмот може да се случи и повеќе пати.
7. Стекнувате подобра кондиција
Дури и ако не вежбате во бременоста, во подобра сте кондиција него некој кој не е труден, а вежба. За време на бременоста, аеробниот капацитет се зголемува за 30%, а срцето пумпа два пати повеќе крв него вообичаено. Овој ефект трае уште неколку месеци по породувањето. Затоа доколку сте биле физички активни пред бременоста и сте тренирале за време на бременоста, најверојатно на крај ќе се вратите со подобра кондиција него претходно. Јас се вратив и навистина имам подефинирано тело, но се скапав од вежбање ахаха
8. Си го продолжувате животот
Се смета дека бременоста е причина зашто жените живеат подолго од мажите. Во текот на бременоста кај жената се заменуваат стари ќелии со нови, односно се зимаат нови ќелии од бебушот и се заменуваат дел од вашите стари. Британски истраживачи нашле машки матични ќелии во коскена срж кај жени кои родиле момчиња.
9. Можете да предвидите од што би се разболеле подоцна во животот, кои ви се слаби точки во организмот.
На пример доколку во текот на бременоста сте имале дијабетис (гестациони), тогаш имате висока веријатност дека во подоцнежни години доколку не внимавате да добиете дијапетис тип 2. Исто доколку сте имале висок притисок за време на бременоста постои можност подоцна во животот да имате проблем со срцето. Ова и не е добра вест, но може да биде, да ве поттикне да бидете повнимателни во иднина и со време да реагирате.
10. Си зимате оддишка
Ако претходно сте имале активен живот, сте трчале на работа, дома излагања. Сега едноставно ќе се чуствувате уморни и ќе мора да успорите. Од вас зависи уште еден живот. Ќе си ставите прст на чело дали вреди за некои работи да губите време. И ќе научите што значи поминато неквалитетно време. Многу девојки после бременоста менуваат работа, почнуваат нешто ново…. Јас бев ваков случај, бев пренатрупана со обрски пред бременоста, е кога останав богами успорив, а откако се роди Марта од некои се откажав, некои паузирав, но затоа настана МОЈА ФИТНЕС МАМА.
11. Нема менструација
Ова мислам мене најмногу ми се допадна од ова највише се раатисав. Не дека имам болна менструација, но тоа менување улошки, одење купување, па не ти е згодно…
Вака читајќи, доколку не си бремена ќе ти се појави желба.
Сигурно испуштив нешто, но ќе ме надополните.