Пред да останете бремени убаво е навистина да сакате да бидете мајка. Мајка не е како работата да можете да дадете отказ, да се откажете, не може никој да ве замени. Пред некој ден зборев со другарка и се фрапирав кога ми кажа дека нејзина другарка детето и го чувале баба и дедо, друг и готвел, она на работа и по кафиња. Мамулки бебушот ве одбрал вас за родители, а не нивните баба и дедо. Вие сте одговорни за целиот негов развиток, спокој и мир. Колку ќе вложите во него уште од бебе толку ќе добиете подоцна. А не подоцна да одите по дефектолози, доктори и чуда.
Затоа пред да станете мајка завршете се што имате за себе, ако ви се шета изнашетајте се, ако ви се учи учете буквално завршете се, или бидете свесни дека некои работи ќе ги паузирате. Бидејќи сигурно првите три години ќе сте преокупирани со бебе. Првите три години се најважни за бебето. За ова во некој мој нареден пост.
Иако од многу работи се откажав и тек ќе се откажувам поминатото време со Марта во текот на бременоста, откако се роди и сега не може ништо да ги замени.
Од што се откажав со доаѓањето во Киев и раѓањето на Марта.
Пред да дојдам во Киев
– Работев во текстилна компанија
– Судев и одев по записнички маси, ова го правев скоро секој ден после работа
– За викенди, а некогаш и почнувајќи од петок почнував да шминкам. Значи викенд ми беше: станувам, одам шминкам и потоа судам. За викенди не бев слободна. Ми се имаше случено 9 месеци да немам воопшто слободен ден.
– Одев секоја недела од 20 часот во спиритуален центарна медитација
– Медитирав три пати на ден
Тука не ги вбројувам читањето книги и други активности како шетање, тренинзи и кафиња. Секако дека не се прибирав по дома, мајка ми готвеше чистеше. Јас само си ја чистев собата за што не можам да се пофалам дека беше секогаш чиста.
Во Киев дојдов некаде 5 месец бремена. И најтешко ми падна што не знаев да готвам, на мајка ми на глава и се качував секој ден ахаха. Се изморував многу брзо така да многу ми беше тешко да се организирам во чистење и готвење. Кога дојдов пола стан не беше опремен па и околу тоа. Сега кога Марта е скоро 9 месеци јас ова правам.
– Готвам
– Чистам
– Си играм со нејзе
– Инстаграм
– Вежбам
– Медитирам одвај еднаш на ден и тоа некогаш го пропиштам
Јас сум пресреќна и со ова бидејќи на почетокот само околу Марта се грижев дури и одвај стигнував да зготвам и исчистам. Не одам по кафиња и вежбам дома. Од многу работи се откажав со преселбата во Киев, на кои само во кошарката ќе се вратам од септември. Затоа пред да забремените расчистете со себе од што ќе треба да се откажете, а од што не, за да можете полесно го поминете тој период кога 100 проценти од своето време ќе му го посветите на бебулето и ја со сигурност нема да влезете во депресија. Многу мајки се во депресија бидејќи првите 40 дена се најтешки за мајката до третиот месеци. Буквално немаат време за себе.
Од многу работи се откажав но и многу работи започнаа откако се роди Марта. Како што и настана овој блог. За многу работи станав поодлучна, поорганизирана, посамоуверена. Многу мајки мајчинството ги предизвикало да започнат со бизнис, да се откријат себе си. НЕ ВИКАМ ДЕКА Е ЛЕСНО, НО ВРЕДИ ДА СИ МАЈКА!
Прочитај повеќе за Првите 40 дена со новороденче.