Блог на една мајка

The Blog

Опаѓање на косата после бременост/пород


Многу мајки се соочуваат со опаѓање на косата после бременост. Некои мислат дека е од доењето, но се случува кај сите мајки. Почнува после 3 месец а престанува до година ипол, а некогаш и до 3 година. Опаѓањето на косата е нормален процес на обновување на косата.

Секоја коса поминува низ три фази на раст:

  1. Анагена фаза – фаза на растење

  2. Катагена фаза – фаза кога растот забавува

  3. Телогена фаза – фаза на одмор.

 

Во третата фаза старата (мртва) коса останува на местото додека новата се формира во истиот корен, и после некое време ќе почне старата да опаѓа. Во време на бременота хормоните се засилени и под дејство на хормонот естроген, првата фаза анагенација (раст) трае подолго од вообичаено.  Бројот на влакна во фазата на раст се зголемува и се случува за време на бременоста многу малку влакна да паднале. Затоа во време на бременоста имаме сјајна и погуста коса. По породувањето како почнуваат хормоните да се повлекуваат косата преминува во бавен раст, а потоа преминува и во третата фаза каде полека почнува да се одмара и да опаѓа. Така околу 30 % до 40 % од влакната се во третата фаза телегенеза- замена на мртвата коса со нова. Нормалното обновување се јавува од 6-15 месец по породувањето. Доколку забележите дека многу и сериозно ви опаѓа косата посетете лекар. Но доколку е во нормала не се препорачува никакво користење на шампони за опаѓање и пиење витамини за раст на коса, да се дозволи нормално хормоните да се вратат во нормала а со тоа и косата. Драстичното опаѓање на косата може да е предизвикано од проблеми со тироидната жлезда, прекумерно внесвање на вит А, недостиг на железо и строги диети.

Мое искуство

Уште пред да се преселам во Киев фризерот кој ме шишаше и знаеше дека ми е последно шишање во Скопје ми кажа дека после 3 месец откако ќе се породам да очекувам опаѓање на косата. Да не кревам паника, дека е нормално. Некаде после 6-от месец после пород почна да ми опаѓа косата и тоа многу. Буквално како кога се митари куче. Насекаде влакна секој ден се собирање. Баш тогаш бев на курсот за Фитнес со бебе и имаше дел каде се обработуваше промената на хормони за време на бременоста и после.Чекав да видам каков ќе е моето искуство за да ви го пишам постов. Мене сега кога Марта е 14 месеци гледам стабилизирање во опаѓањето односно дека е исто како пред да забренам. Јас морам да нагласам дека имам густа коса и кога ми опаѓаше многу во исто време и ми растеше па некако не бев загрижена.

Автор: Мери Амбросова

[ssba-buttons]