Обожавам палачинки, двете недели кога не јадев ништо од животинско потекло овие ми беа и уште ми се хит. На Марта избегнувам да и давам производи од животниско потекло и давам но не ги форсирам, сакам да се научи повеќе на зеленчик и овошје. А овие палачинки ги обожава Лесни за доручек или вечера, погодни и за бебе, дете.
Состојки:
-
две круши
-
една банана
-
200 грама брашно од спелта (може и од цело зрно, може и бело доколку користите)
-
250 мл минерална вода
-
малку пециво
-
малку сол
Ги блендирате први крушите со бананата додавате се останато на крај водата. Добивате така средно густа маса. Можете малку кокосово масло да додадете. Пржите мали палачинки на кокосово масло.
Прелив
јаболки ги пропржувам на малку кокосово со цимет. Може со домашен џем, може созасладувач банани и јагоди. Со се што ќе посакате одат овие палачинки.