Прво патување подолго со кола на Марта и беше околу 3 и 4 месец. Одевме во друг град во Украина 5 саати во еден правец и 5 во друг. Тоа се беше за еден ден. Воопшто немавме проблем. Цел пат си го преспа само стануваше за цицање, и потоа продолжуваше да спие. Знам не ни правевме многу паузи. Не повраќаше ништо како да немавме бебе во кола.
Втор пат на подого патување бевме кога Марта имаше 13 месеци више и одеше. Кога тргнавме гледав да е изморена за да почне веднаш да спие. Така и беше и преспа добри три саати. Но кога се разбуди одма сакаше да оди, направивме пауза од 20 минути. Тука ја пуштивме да оди, јадеше и продолживме понатаму, но кога влеговме во колапочна да се нервира, пробав со песнички, играчки, се фрлаше и се лутеше. Пуштивме цртани се смири но по 10 минути и ги исклучив и си продолжи да се лути. Одвај издржа додека стигнавме. За назад не спиеше одма но беше посмирена повторно фрлаше работи но не се дереше толку. Направивме пауза каде јадеше па тргнавме и и дадов да цица и заспа, го преспа целиот пат. Оваа дестинација е 4 саати максимум во еден правец.
Денес кога го пишувам постов сопругот во колата ставил мирис и некако многу јак и Марта поврати после 20 минути возење. Беше јадена одма чим тргнавме. Бидејќи и мене ми се лоши од мириси во кола претпоставувам дека е од мирисот.
Да заклучам сакам од моето искуство дека Марта сака да патува во кола дека кога беше помала полесно се патуваше, како поголемка сака да истражува и да оди. Но пак беше добра. Немавме проблем со повраќање. На мојот инстаграм профил кога прашав за патување со бебе, мн мајки ми пишаа како повраќале децата и како им давале сирупи да не повраќаат и да заспијат.
Еве ги нивните предлози. Но прво консултирајте се со лекар пред да ги земете. Кај некои функционираат кај некои не. Битно е децата да не се прејадени пред да им се стават капките или сирупот.
Naulosvit Junior – капки на мајката и помагаат бебето да не повраќа
Lokomotiv – сируп
Emecalm – ова е сируп. Мајката го зима од Грција бидејќи не и помагаат горенаведените. Ова е сируп е синтетички но е дозволен да го бијат деца и трудници.
Бев изненадена колку мајки имаат проблеми кога патуваат, колку децата повраќаат. Се надевам ви помогна овој пост.
За патување со авион може да прочитате на следниов пост. https://mojafitnessmama.mk/bebe-vo-avion/