Ова се едни од највкусните плескавици што ги имам пробано. Не мирисаат, лесни за јадење и може да стојат во фрижидер да ги згреете и јадете наредниот ден. Топло ви ги препорачувам. Јас и откако ќе завршам со овие две недели ќе си продолжам со овие превкусни плескавици. Леле ич не ми се допаѓа зборов плескавици ама ајде. Овде ги викаат Котлети некако поубав е зборот. ахаха.
Состојки за 9 плескавици, јас ги јадев 2 дена само јас.
- зелена леќа 1 шоља
- млад кромид може и стар
- среден морков
- 3 чешниња лук
- копар цела китка, може и магдонос но копарот им дава еден преубав вкус.
- сол и бибер по вкус
- малку масло маслиново
- 1,5-2 лажици брашно (користев од цело зрно)
Подготовка:
- Навечер покиснете ја леќата или минимум 4-5 часа пред да почнете со подготовка
- Водата фрлете ја и измијте ја леќата
- младиот или стар кромид малку пропржете го на тава а и не мора
- леќата сомелете ја во машина за месо или сецко со се морковот. Јас овој пат користев сецко супер излезе.
- додадете го лукот, сол, бибер, брашното и измешајте. Битно е да не претерате со брашното ќе неможете да ги направите како плескавици ќе ви се распаѓаат, ќе се суви.
- Правиме со мокри раце плескавици ги ставаме во тава со малку масло ги пропржуваме од двете страни да фатат жолто златна боја
- додаваме малку вода во тавата и ги покриваме со капак да се обарат на 10 минути
На здравјеееее.
Пишете ако правите и тагнете ја @mojafitneessmama ако ви се допаднале :))))
