Блог на една мајка

The Blog

Повивање на бебе!


Овде во Киев, бебињата ги повиваат како векна леб дури и на главата им ставаат пелена. Јас на ова не бев спремна. Кога ми ја донесоа Марта првиот пат се извадив од памет изгледаше како на сликата, само со очи мрдаше. Плус беше толку малечка само пелена. Одвај чекав да ми ја дадат да е со мене во соба. Тоа се случи после 5 ден. Така јас 5 дена ја гледав како лепче. По 5 дена кога ја расповија пред мене бев во шок колку е мала и ситна.

 Јас сум против повивање на бебе. Иако има позитивни работи околу тоа и се препорачува до месец да се повива. Овде во Украина до 3 месеци ги повиваат.  Соптугот и мајка му стално ја повиваа кога ќе ми дојдоа на посета, јас ја отповиткував после…

Позитивни работи околу повивањето.

 1.       Мирен сон на бебе

Бебето спие мирно, не се буди често, кога рефлексно и се мрдаат раце и нозе. Ова е сигурно така, бидејќи јас приметив и некогаш кога ќе се будеше често се обидував јас да ја повијам, но не научив убаво да повивам бебе. Сопругот до 3 месеци ако не можевме да ја заспиеме ќе ја повиеше и ќе си заспиеше.

 

Вака совршено ја повиваа во болница.

 

2.       Се чуствуваат сигурно

Бебињата се чуствуваат сигурно и топло како да се кај мама. Но јас за ова имам решение. Тоа се оние гнезденца за бебиња. Марта имаше такво и во него спиеше до три месеци. Многу убава работа во креветчето и ја стававме и си нанаше многу убаво. Без него не сакаше да спие

Доколку ги повивате не ги стегајте многу околу колковите и оставете простор за да можат со ноџињата да мрдаат и користете убави пелени од природни материјали.

Ако ги повивате бебињата потоа тешко се одвикнуваат, или се препорачува постепено. Исто така повивање на бебе по еден месец не се препорачува, го спречува развојот на моториката

Во зградата каде што живееме има бебе родено недела пред Марта. Го повиваа и ни се чудеа на нас, кога Марта спиеше во количка без проблем, а они го повиваа и на три месеци за да може да продолжи да спие надовор во количка. Потоа се жалеа дека им е тешко да го одвикнат. И ден денес кога ќе го видам е некако цело спакувано. Дури кога ја гледаат Марта секогаш коментираат дека е понапредна. Не можам се да препишам на повивањето, но на почетокот беше сигурно…

 Како да повивате бебе доколку се решите, еве неколку начина:

 

Еве како сопругот ја повиваше – совршено.

 

  

А еве јас како ја повивав, никако не се научив, па употребував и врвки за да не се одмотува пелената. Снајди се па живеј.

 

 

Автор: Мери Амбросова

[ssba-buttons]