Оваа приказна е напишана летото и е вистинита. Се работи за тоа како децата треба да се учат на работа уште од мали, им се развива мозокот за бизнис и работа. Стекнуваат навики.
Едно сапунче направено дома, кое ми ја стопли душата и израдува две дечиња.
Поминував низ еден парк со Марта кога слушам некој ми збори. Се вртам и гледам доле седнати покрај патот две дечиња максимум 10 год. и продаваат сапунчиња.
Момчето повторува “Домашни сапунчиња” Прашувам од што се и девојчето гордо почнува да ги претставува од што се и колку чинат. Прво беа пресреќни што прашав, бидејќи најверојатно многу ги имаа одминато. Кога им кажав дека ќе купам им светнаа очињата од среќа. Но го отварам новчаникот и гледам имам само 100 гривни (наши 200 ден) викам добро ќе земам за тие пари. Кога момчето скокна и одма оди да раситни. На првото место не му раситнија се врати да ми каже дека одма ќе дојде, на второто место успешно му раситнија. А девојчето за тоа време извади тефтер и запиша што продала и колку пари.
Стојам и осеќам како ми солзат очите, валда хормониве уште не се вратени на место ???. Си отидов и се завртев да видам другите како реагираат на децата. Не се ни завртуваа да ги погледнат само поминуваа.
Имам видено и во Ново лисиче како продаваат рачно изработен накит, но никој не купуваше најверојатно децата се откажале… Додека трепнеме децата пораснале и не знаат да заработат, седат дома и играат игри. Тогаш криво ни е општеството, ние не, а се почнува од поединецот.
– Децата преку продавање се осамостојуваат
– Учат за одговорност
– Имаат осет за заработка и добиваат претстава за парите
– Се чувствуваат вредно…
Ако видите деца кои продаваат барем застанете прашајте ги за производите, не мора да купите и ќе видите колку ќе се израдуваат. И да, децата се прави украинчиња, што ретко можеш да видиш .