Блог на една мајка

The Blog

Прва година со бебе


Сакам да направам еден осврт на првата година како мајка. Искрено некако сакав да имам дете, но дека ќе ме натера да се откажам од многу работи и да не жалам за нив, дека ќе ме инспирира па за други работи не верував. Првите месеци дефинитивно најтешки и најпредизвикувачки. За првите 40 дена можете да прочитате во овој пост https://mojafitnessmama.mk/prvite-40-dena-so-novorodence/. Дефинитивно најтешките денови, најисрпувачките. Дефинитивно треба да си психички подготвен за нив. Буквално нула слободно време, ни секунда ни минута, освен ако некој не ти помага. А и да ти помага некогаш ќе треба да останеш сам. Марта не беше нервозно бебе. но имавме проблеми со доењето, па додека се усогласиме, додека фатиме ред. Се будеше, буквално бев како робот, но издржав. Првите три месеци ќе ги паметам по шетање и плачење секогаш кога се враѓавме, но и на уживање во природа Марта спие јас читам. Најтешко е за мајката и тоа што бебето не ја познава, а таа буквално му се посветува максимално и се жртвува. Кога ќе почне да реагира на нејзиниот глас, да се смее полесно е. Во овие први месеци некако мислам најмногу мајката е под притисок, треба да ја прифати новата улога треба дасе снајде со ситуациите, посебно ако и доаѓаат гости, ако ја викаат по кафиња. Потоа се очекува да си ја врати фигурата, што да јаде што не, дои не дои, Јас искрено бев среќна што сум далеку од Скопје, зашто воопшто не ми требаа гужви, совети одвлекувања од Марта. Буквално целосно и бев посветена. Знам немав ни време да се туширам, во денот тие две минути беа мои. Некако се ставав на крај освен јас и Марта Ова се мислам најтешките денови за мајката без разлика дали е за прв пат мајка или втор пат. Мене ми беа претешки, но ги издржав, не се оптеретував со средување и чистење, битно ми беше да имам храна, да шетаме и Марта да не плаче.  Спиев кога спиеше и она. Бидејќи имавме проблем со млекото овој период само цицавме и се боревме да го оставиме вештачкото млеко. Излеговме како победници. По 40 дена дојдоа моите и некако ми помагаа за домашните работи. Мислам дека тука треба да и се помогне најмногу на мајката, некој да и исчисти, испере, испазари. Јас првите денови 20 бев скроз сама сопругот на пат и сметам дека ако можев јас да издржам без никој можете и вие. Овие денови се клучни за детето да е во мир и спокој и да е со мама имајте го на ум. Кога почнавме да цицаме се нафрлавме и тоа беше исто тежок период каде не смеев да јадам ништо, дури и риба и јајца и се ми забранија. Така кога заврши и овој период мислев супер се стабилизиравме, но Марта стана нервозна се чудев што и е, зашто од мирно бебе почна да плаче, само да цица, кога тоа заби на 3 месеци. Некако и овој период е еден од потешките кои го паметам. Буквално дури и ме гризеше за брадавица, ја одвикнав со тоа што ја тргав и го прекинував цицањето. За три дена разбра дека не треба да гризе и среќа престанавме. Сакам да напоменам дека за заби не користев ништо освен глодалки и ладни водени играчки за заби.

Некако после овој период најтежок ми беше некаде после Скопје, кога се вративме Марта беше 6 ипол месеци, и не сакаше да спие сама во кревет, стануваше на саат, нервозна преку ноќ, не заспиваше до 04, 03 после полноќ. Почна да лази, па сака па не може. Буквално одвај стигав да направам ручек. Овој период дефинитивно ми беше исто тежок. Јас не наспана,цел ден поминат откако ќе станеме, јас тука почнав да го работам маратонот, и се околу него. Некако мисалам да не беше он и инстаграм профилот, скроз на скроз ќе се збрлавев ахахах. Така да им благодарам на пратачите, најверојатно чим го читаш ова си еден од нив и ти благодарам. Овде ми помогна тоа што немав потреба да се форсирам сабајле да станувам рано, него станував покасно кога ќе станеше Марта. Овој период траеше отприлика два месеци.

Овој период од 6 до 8 месеци се случуваат најголеми промени кај бебето е и е првото осамостојување од мајката, почнува да лази, да перцепира играчки, мајката да го остава, расте, допира и најчесто децата во овој период се плачливи сакаат да спијат со мама, сакаат во раце, кенкаат. И треба да се подржат, а не да се остават сами во плач. Овој период е најбитен за бебето од кое ќе зависат многу реакции во иднина кога бебето ќе биде возрасен човек. Затоа подржете го бебето колку што можете. Исто се случува да не сака кај други, да плаче. Не го мешајте со други луѓе многу, во овој период тоа знае која е мама кој му е близок, а кој не го знам. Затоа најубаво е да немате многу гости додека не помине овој период.

Буквално одвај се справував во процесот од лазење па станување,па проодување. Исто еден тежок период за мајка која е сама. Она сака да се патка, сака да стане а не може, оди се мава. Јас ја оставав без да и помагам и ова е еден клучен момент на кој треба да обрнете внимание. Не му помагајте пуштете го бебето само да се справува. Обезбедете му сигурна околина. Остајте го само да види дека више мама не му е потреба. Марта и да паднеше не плачеше, не трчајте не правете драми за ништо. Марта ми прооде прилично рано, но она прооде но одеше па ќе падне па ќе продолжи да лази. Исто е многу тежок период, среќа дојдовме во Скопје и моите ја паткаа ја шетаа па некако полесно ми беше. Кога се вративме во Киев она више одеше стабилно и надвор. Така да откако ми прооди се раатисав на некој начин. На некој ахаха.

Откако прооде сакав да најмам некој само да оди по неа и да раскрева. Буквално оди и отвара шифоњер и вади се од него, а тоа го прави додека јас сум во тоалет. Нели и ние сме луѓе со потреби ахаха. Додека правиш ручек имаш отварање фиоки, да можеш да направиш да не се отвараат, но убаво е да оставиш неколку отворени за истражување. Така они се развиваат. И ова е клучно за развој и развиток за подоцна. Да не се убие истражувачкиот инстинкт на детето и самосебе слушањето. Затоа сметам дека треба да се остават да истражуваат. Едноставно ќе се помирите со фактот дека не може да е средено секаде и постојано ахаха.

Некаде околу година најсреќна бев што конечно покажа интерес за играчки. Бев на размислување више дека џабе се сите пари фрлени за толку играчки. Но за среќа не беа. Почна да седнува сама да се заигрува, да игра со мене, сама да реди префрла мести, стиска, да носи да играме…

Најубави моменти

  1. почнување на церење и скокоткање, играње, возвраќање
  2. трчање со раширени раце кон тебе
  3. прво бунтување
  4. насмевка со заби
  5. заспивање на тебе
  6. пеење песнички….

И ова е година каде што на детето му е најпотребна мајка. И наредните две, затоа бидете и подржете ги децата. Бидете трпеливи, помалку нервирајте се.

Кое се вашите најтешки моменти во првата година, по што нема да ја заборавите, споделете ги доколку сакате во коментар исподе постот на фб или инстаграм.

Имајте убав ден

 

Автор: Мери Амбросова

[ssba-buttons]