Нема нешто почисто, помирно, поспокојно, од новороденче. Од вас зависи во каков човек ќе израсне и ќе се изгради тоа битие. Погледнете во новороденче само мрда со очињата и толку. Тоа сака мир, спокој и мама до себе. Обезбедете му на вашето новороденче мир и спокој, не го трпајте со гости, баби дедовци и чуда.
Читав за новороденчиња се да е бело, и се да е сведено на минимум. Чаршав постелнина и толку. До 7 дена две недели да не му се даваат играчки кукли тропалки, шарени предмети се да оди постепено. Доволни му се само постелнината и мама. Треба да се научи за овој свет, со непознати звуци, луѓе. Затоа се вели до 40 дена новороденче не се шета. Но не дека не се шета надвор, се мисли не се шета по супермаркети,шопинг молови. Не доаѓаат гости дома, не се прават журки со мајката, која сака да се одмори и гледа како да легне.
Уште кога останав бремена на моите им кажав дека до 40 дена не сакам да доаѓа никој. Потоа и на мојот свекор и свекрва. Најмногу се бунеа моите, потоа и свекорите. Дури и другарки кои имаа постари сестри кажуваа нема да можеш, многу е тешко, како ќе издржиш… Јас бев решена дека ќе успеам, дека не сакам никој да ми смета, дека сакам јас да фатам ред со Марта, не знаев како што, но бев решена. Од болница кога дојдов ме пречека знаете што? Куп алишта за пеглање, станот беше чист но имаше ситници кои требаше да се донаместат, а и јас да се исперам и испеглам, плус Марта. А сопругот само не остави и замина на пат. Се сеќавам дека наредниот ден кога дојде сестрата да ја прегледа Марта цел стан беше лом. Но не ми беше гајле, тоа е што е, битно Марта беше наспана и најадена.
Овие 40 дена се најтешки за мајката, но мора да се издржат, да се најде уживање во нив. Знам дека доколку никој не ви помага, немате време за себе никакво. Ама буквално, јас имав само додека се туширав за раната. Тоа е 10 секунди, потоа кога заврши крварењето само кога се туширав. Толку. Или спиете, чистите, правите јадење, цицате (ова најмногу). Најдете некој блог, некој интересен youtube канал, следете некое шоу, пожалете се на другарка може и на некоја што не ви е блиска, но поминува низ истото што и вие. Јас конкретно многу гледав youtube канали додека Марта цицаше, а тоа го правеше цел ден.
И ќе поминат брзо само треба да се издржи тоа неспиење, јас бев знам како робот. Знаев друго нема и терав.
Шетајте не се уседувајте дома. Јас уште одма после болница излегов да се шетам а оваа фотографија е од нашата прва прошетка.
Овде препорачуваат одма да се почне со шетање. Прво 10 минути а потоа да се зголемува до 2 часа на ден. И за мајката е добро да се движи да не се уседува. Се сеќавам уште, колку мачно ми беше да одам, ем од раната ем што немав кондиција. И така секој ден ојачував… Дури знам кога пеглав алишта на паузи ги пеглав по две три блузи па ќе одморев и така се снаоѓав. Јас единствено имав проблем првите две недели, Марта цицаше на 15 минути и јас додека се симнам надвор додека попешачам поминале 15 минути и плачеше за млеко.
Потоа кога почна на два саати полесно ми беше. За ноќно време бев како робот мислам дека мижев и ја пресоблакав, а она беше точна како саат, на секои два саати стануваше. Ноќно време дури одма ја зимав, ја преоблакав на маса за пресоблакање, ја земав на цицање, заедно си уживавме а потоа ја оставав и така секои два саати. Дури кога почна да спие повеќе јас се будев и ја чекав да стане. Знам првиот пат дури сама си изгледав видео, па си легнав.
И тогаш сфатив дека на некои работи им доаѓа крај, а нема ни да сме свесни кога е последниот пат. Затоа мамулки уживајте во секој миг. И мајчинството не е тешка работа не не е. И тие 40 дена ќе завршат како што ми завршија и на мене.