Блог на една мајка

The Blog

Скокање по кревет 3 годишно дете. Да или не?!


Во целиот курс за воспитување на деца кој го посетував и беше наменет за до 11 години мајка праша „дали да му дава на детето да скока по кревет„.  https://mojafitnessmama.mk/vo-kakvo-dete-kje-porasne/

Психологот не праша нас „ Кажете ми кои се причините да не скока„ и почнавме да набројуваме „да не падне„, „да не се скриши/уништи креветот„… Јас истово прашање го поставив на мојот инстаграм профил @mojafitnessmama и добив уште неколку причини за нескокање „да не му стане навика„, „страв ми е„нека игра на игралиште„, „искривување на стапало„- ова прв пат слишнав, мајката од ортопед  ДР Хаџановски чула, дека се искривувало стапалото навнатре од скокање по кревет. Но мајка друга пиша дека прашала други ортопеди и не се согласиле со ова. Така да се вратиме на тоа што го заклучивме од скокањето, но од гледна точка на психологот.

На одговорот наш „да не падне и повреди„ кажа „ајде оградете го цел кревет замотајте го па нека скока„ исто не праша „а во иднина вашето дете ќе спортува, ќе игра фудбал, ќе оди на физичко, ќе вози точак, ролерки„. Сите знаеме дека од сето ова може да се повреди па пак им даваме да спортуваат. Посекако ќе го пуштате детето и во некоја поризична ситуација. Некогаш и на право може да се повреди. Така ја отфрливме оваа причина.

Околу паѓањето сакам да додадам дека во некоја книга прочитав дека децата додека проодуваат задолжително да се оставаат да паднат, да научат да паѓаат на раце. Деца кои ги придржувале како мали, подоцна како поголеми повеќе се повредуваат бидејќи кога ќе паднат не знаат да се придржат со раце. 

На одговорот наш „да не се скрши/уништи креветот/душекот„, не праша „вие со сопругот кога имате односи ве издржува, не се скршил. Три годишно дете мислам е полесно, од вас двајцата.„ Така ја отфрливме и оваа причина.

Единствено нешто зошто родителите не им даваат да скокаат на кревет на децата, е од љубомора. Тоа го кажа од некое испитување/истражување.

Психологот ја праша мајката „дали вашето дете е среќно кога скока„, одговорот беше да. Дали сакате да е среќно вашето дете? Секако дека Да.

Причина зашто да не му давате да скока на вашето дете е пред спиење, зашто нема да може да заспие. Но не да му забраните, него прво да му објасните зашто да не скока дека ќе нема да може да заспие одма. Па ако реши да скока да го оставите. Сам на крај ќе констатира дека потешко заспал. Не значи дека одма ќе разберат ќе поврзат, треба да ги поттурнеме, да им кажеме зашто не заспале вчера, но не „јас ти кажав не ме слушаш, уште колку пати….„, него „ сине вчера да не заспа потешко, мислам дека ќе е од скокањето, а да пробаш денеска да не скокаш пред спиење, скокај претходно ако сакаш, но не пред да легнеш ќе правиме нешто друго што ти сакаш само да не е некоја повторно физичка активност„. И тоа е правилниот начин сам да одлучи да не скока, а не дека вие сте викале, дереле, или дека ве послушал. Истава ситуација ми ја пиша и мајка дека кога скокаат децата пред спиење тешко заспиваат. Но пред да одат на спиење децата треба да се уморни односно да се имаат истрошено, затоа тој предложи два часа пред да оди да спие детето да почнете со потешки активности, а да завршите со полесни како читање книга.

За да на му стане навика од истражување некаде до 4 година максимум 5 скокаат и потоа сами престануваат, едноставно не им е интересно го изживуваат тоа.

Бидејќи сега знаеме дека не е добро за стапалата да скокаат или од која било друга причина не давате да скокаат објаснете му зашто да не го прави тоа, не еднаш не два пати, постојано.

За страв, ако се земе во предвид дека колку повеќе ви е страв од нешто, ја зголемувате шансата тоа да се случи, тогаш најубаво да не се плашите.

Дали би и дала на Марта да скока?

Најверојатно да, бидејќи знам колку јас скокав со брат ми, се убивме од скокање и како поголемики после школо стално скокавме кога моите не беа дома. Спалната ја користеа моите до пред година, кога решија да ја сменат, а таа ја подаривме на други кои не беа во можност да си купат, значи уште можеше да се користи. Со стапала никогаш сме немале проблем, па валда нема да е таа „среќа„ Марта за стапалото да и се искриви, ако не по песок ќе оди.

И на крај ова не значи дека е исправно, некој ќе се сложат со психологот некој нема, најбитно е вие да сте мирни и вашето дете да е среќно, а неповредено. Да да тешко е, но од се по малку, некогаш од едно повеќе од друго помалку и деновите ќе поминат и они ќе пораснат и нема да скокаат веќе, па ќе ги слушаме како се жалат за нашите внуци,

А до тогаш да ги израснеме овие наши деца.

 

Кое е вашето мислење на оваа тема, откако го прочитавте постот, пишете ми во коментар на фб или на инстаграм под постираниот пост на ова тема. Ви благодарам.

 

Автор: Мери Амбросова

[ssba-buttons]