Блог на една мајка

The Blog

Совети за новороденче


Доколку  сакате новороденчето  да е смирено, обезбедете му мирна средина, бидете и вие смирени. Новороденче/бебе чувствува се, доколку вие немате спокој ќе нема ни тоа. Не викајте дома гости, не дека луѓето што доаѓаат се лоши но никогаш не знаеме каде биле и што носат со себе. Пробајте ќе видите дека бебушот е помирен кога е само со вас. Или доколку имате помош тоа нека биде околу готвење и чистење.

Бидете вие први што ќе го земете бебушот кога плаче, а не баба или некој друг. Така стекнувате доверба кај бебето. Си вика аха јас плачам мама доаѓа да ме земе. Доколку бебе ви плаче после гости прочадете со гранче од жалфија. Го чисти просторот. (Информацијата е превземена и по совет од учителите од Спиритуален центар “1008”)

 

Јас во болница со Марта останав 10 дена бидејќи имаше жолтица. 5 дена користевме лампа. Така се се намести да јас кога ќе се вратам дома веќе да сум опоравена, можам да се движам, чистам готвам. Поради овие 10 дена имав можност да разговарам со повеќе педијатри во болницата.

 

За некои работи имаа различни ставови, како дохрана, цицање, но за следните работи беа едногласни:

–          Не давајте новороденче да плаче, тоа не знае да манипулира. Точно ќе осетите кога ќе почне да биде тврдоглаво и да се „лигави„.

–          Секое новороденче е различно како што и секој човек е различен, на секого различно внимание му е потребно, затоа доколку сака да спие со вас нека спие, доколку сака во раце во раце, брзо се ќе помине. Запомнете со секој момент поминат вашето бебе се одалечува од вас. Вие сте биле едно додека сте биле бремени, сега откако е родено, секој момент се одалечува од вас. Затоа уживајте во блискоста која е најзастапена првите месеци.

–          Не оставајте новороденче да плаче. Доколку го оставате ќе развие недоверба во мајката, а таа е пример за луѓето, потоа тоа дете ќе нема да верува во никого. Мајката е таа која го претставува човечкиот род за детето. За ова има и истражување каде е докажано низ примери каде мајките ги оставале бебињата да зајдуваат, потоа тие израснувале во деца кои немаат доверба во никого. Доколку оставате бебе да плаче тогаш тоа си вика „јас викам а никој не ме слуша, никој не доаѓа да ме смири, значи сум небитен на овој свет, јас сум безведно„.

–          Новороденче не плаче без причина. Секогаш има нешто зашто плаче, па макар тоа било и за внимание, да го гушнете, да го носите, да го утешите. Се наоѓа во непозната средина, нови звуци, нови гласови, ново се. Затоа гледајте да му олесните колку можете. На вас ви е тешко, но него му е уште потешко, имам читано дека бебињата дури и тродупло ги боли него мајката, кога се раѓа.

–          Изнесувајте го бебето веднаш на шетање, првиот ден 10 минути потоа зголемувајте по 5 минути. Додека не стигнете до 2 часа. 

Автор: Мери Амбросова

[ssba-buttons]