Блог на една мајка

The Blog

Воведување на млеко кај бебе – Нутриционист Слаѓана Јарчевски


Слаѓана е нутриционистот која е одговорна за мајките кои се учесници на „Маратон со БЕБЕ„. Бидејќи многу мајки ме имаат прашано за воведување на кравјо млеко, ја замолив преку статија да го пише нејзиното мислење.

Кога ќе престанат со цицање, на дечињата, нутриционистички гледано, треба да се гледа како на
мали возрасни човечиња. Јаглехидратите (компир, ориз, сладок компир, легуминози…) треба
да им биде основа на која ќе се базира нивната исхрана. Но, и потребата за протеини во
исхраната е многу значајна. Најзначајно време на растење на секое дете се случува токму во
првите 2 години од животот. Најважен извор на протеини во овој нутритивно захтевен период
е мајчиното млеко. Уделот на протеините во мајчиното млеко е околу 5% од дневен калоричен
внес. Овој удел, растителната исхрана сосема го задоволува, нпр. сладок компир има 6%
протеини, ориз 8%, компир 10% и легуминозите 28%.

Што се однесува до минералите, вклучувајќи и калциумот, тие потекнуваат од почвата
директно или индиректно, влегуваат во составот на животните преку нивна конзумација на
растенијата. Што значи, дека растенијата се тие што се полни со минералите, како што се
калциум, железо, ѕинк, бакар итн. и колку повеќе растителна храна внесуваме, толку ќе
бидеме минерално побогати. Релацијата помеѓу луѓето и растенијата е многу оптимална и
нема ниту еден случај кој би резултирал со недостаток на некој минерал. Од ова може да се
заклучи дека исхрана базирана на растенија ги задоволува поребите на децата во развој, како
и на возрасните (за бебињата е доволно мајчиното млеко). Додатоците во исхрана, како што се
разни витамински и минерални суплементи, имаат неколку неповолни ефекти, нпр,
суплементи на калциум може да предизвикат констипација или неможност на апсорпција на
железото. При исхрана со растенија нема негативни ефекти.

Најголема заблуда е дека кравјото млеко е добар и неопходен извор на протеини: срцеви
заболувања, рак, диабет тип 2, артритис се само некои вообичаени последици од конзумација
на млекото. Неодамнешна рецензија од медицинскиот часопис Pediatrics ги советува
родителите дека млечните производи не се неопходни за задоволување на калциумовите
потреби на децата. Месото и јајцата вооглавно ниту не содржат калциум. Истражувањето
објавено во Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics го следи внесот на протеините кај
дечињата до нивна 5-та година откако ќе престанат со доење. Примарен извор на протеини кај
овие дечиња беше кравјото млеко и млечните производи. Овој извор резултира со појава на
вишок на протеини. Авторите на ова истражување посочуваат дека така висок внес на
протеини од животинско потекло, посебно од кравјо млеко, го осиромашуваат количеството
на железо поради неможноста да се апсорбира.

Железото во кравјото млеко скоро и да не е присутно. Овој проблем на недостапноста на
железото дополнително се потенцира бидејќи калциумот и казеинот од кравјото млеко ја спречува
апсорбцијата на железото во организмот. Како решение за недостатокот на железото кај
бебињата, докторите ја решаваат со советување да се почне со месо како прва дохрана. Ова
појава не е изразена кај ексклузивно доени бебиња. Растенијата се полни со железото бидејки
го црпат од почвата и со нивна конзумација лесно се исполнуваат дневните потреби (се додека
се избегнува конзумирање на млекото и млечните произвоти кај бебиња).

Да сумираме, на новороденчињата до нивна 6 месечна возраст е доволно мајчиното млеко
(без додавање на млечни формули или вода, чаеви и сл). Доколку бебето не цица најдобра замена за мајчиното млеко е АД млеко односно формула. Со појава на запчињата после 6тиот
месец може да се воведе цврста исхрана. Почетокот на цврстата храна треба со варен ориз,
пченка, овес, како и пире од компир и сладок компир. Од овошјето тоа е јаболкото, бананата
и крушата. После 8от месец може да се воведе брокулата, карфиол, кељ и спанаќ, и на крај се легуминозите како што е гравот, леблебијата, леќата и грашокот. Авокадото, орешести
плодови и семињата се воведуваат после година дена старост. Овошките кои не се од ова поднебје како авокадото моја препорака е да се воведат после година дена, имаме толку многу овошја кои се од ова поднебје, кои зрејат овдека, нема потреба да се дава овошја кои се берат зелени и се третираат додека дојдат до нас. Варената храна генерално
подобро ја толерираат бидејки при варење протеините и јаглехидратите се распадаат на
нивни соодветни основни градбени единици кои се многу полесни за дигестија. Доколку сакате да воведете сирење, најдобро тоа да биде моцарела несолена.

Со овој текст сакаме да ви ги пренесеме информациите а секоја мајки си одлучува сама за своето дете. 

Нутриционист: Слаѓана Јарчевски. 

Доколку ви користеше овој пост сподлете го на вашите фб профили или шерувајте го на вашиот инстаграм профил како би го прочитале повеќе мамулки. 

Ви благодариме.

Автор: Мери Амбросова

[ssba-buttons]